Ферплеј

Ферплеј со Јана – С02ЕП38 со Калин Ивановски и Горан Шевченко

Во ,,Ферплеј” го пречекуваме актуелниот најдобар македонски тенисер Калин Ивановски, заедно со Горан Шевченко – спортскиот директор на Тениската федерација на Македонија.
Дознаваме каде, како и со кого тренира Калин?
Какво искуство беше за него настапот на Челинџер 75 турнирот кој се одржа во Скопје минатиот месец?
Зборуваме и за учеството и патот до четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон, каде беше запаметен по атрактивната меч-топка.
Кој е негов фаворит и со кого би сакал да се натпреварува?
Горан Шевченко ни открива како ќе мине летото исполнето со тениска програма во Македонија и како Тениската федерација ќе одбележи 70 години од формирањето?
Што мисли за играта на Калин и за актуелната Дејвис куп репрезентација?
Какви се прогнозите, дали и кога ќе го гледаме Ивановски на Грен Слем во сениорска конкуренција?
,,Ферплеј со Јана”, недела, 16:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Немам проблем да бидам Македонец каде и да работам

Дејан Дејан

Охрид домаќин на најдобрите триатлонци од Балканот

Дејан Дејан

Секој сака пехарот ,,Македонски бисер” да го подигне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе