Останато Спорт

Ивановски победник на полумаратонот во Охрид

Дарио Ивановски е победник на полумаратонската трка на атлетската манифестација “Охрид трчаТ”.

Македонскиот репрезентативец делницата од 21 колометар ја мина за 1 час 11 минути и 17 секунди. Втор на целта со заостанување од 4 минути и 37 секунди пристигна Тирон Мамуша од Албанија додека третото место му припадна на Муџахид Мислими од Македонија.

Во женска конкуренција триумф на Бугарката, Билсерин Сулејман која забележа време од 1 час 25 минути и една секунда. Второто место го освои Билјана Кираџиева која зад победничка заостана скоро седум минути, а на третата позиција настапот во Охрид го заврши уште една наша претставничка, Марина Домазетовска.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе