Вести Македонија

Како последица на ковид-19 почина поранешниот нaчалник на СВР Велес Игор Ангеловски

Поранешниот началник на СВР Велес, велешанецот Игор Ангеловски почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица на ковид-19. Ангеловски беше хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница на 7 октомври. Откако состојбата му се влошува, една недела подоцна тој е транспортиран на Инфективната клиника во Скопје, каде што синоќа почина. Претходно, неколку дена бил прикачен на респираторна машина. Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес. Имаше 41 година.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот од 10 јануари до 27 јули годинава, како предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. По професија беше магистер по дефендологија. Работел во единицата за специјални задачи „Тигар“, бил инструктор во Центар за обука во Идризово и самостоен инспектор во Крим техника во СВР Велес . Исто така бил инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти.

Ангеловски е 25 велешанец, жртва на коронавирусот од почетокот на епидемијата. Со неговата смрт продолжува црниот биланс на починати велешани од ковид-19. Од минатиот вторник до сега починаа 10 велешани, од кои девет во велешката болница и еден на Инфективна клиника во Скопје.

На инфективното одделение во велешката болница вчера почина 58-годишен свештеник на МПЦ од Богомила. Во моментов на одделението се хоспитализирани 41 пациент, од кои 15 добиваат кислородна поддршка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе