Вести Македонија Најважни

Филипче: 85% од починатите од корона биле со хронични болести

Од 5-ти октомври до вчера, за 20 дена починале 159 граѓани позитивни на ковид 19. По вчерашниот пик со 22 починати за 24 часа одговорот од надлежните за причините е ист како и претходно. Огромен процент  од починатите пациенти се со коморбидитети, но голем број пациенти  и касно доаѓаат во болница  со тешка манифестација на болеста, вели министерот Филипче .

Дали доцната хоспитализација се должи на тоа што граѓаните не отишле навреме на лекар,  затоа што доцна се тестирале, или пак не биле пратени навреме во болница, министерот за здравство не потенцираше.

Според Филипче некогаш и хроничната болест можеби била директна причина за смртта, а не вирусот, сепак тој смета дека е битно е да се регистрираат сите заболени од Ковид 19 за да се добие реална епидемиолошка слика за земјава.

А забрзано се полнат и болничките капацитетит. Модуларната болница за некој ден ќе се исполни во целост. По што болните ќе се хоспитализираат во болницата во Козле каде има 40 болнички кревети и поддршка на лекари од Инфективна, а се подготвуваат и две одделенија во „8-ми септември“.  Целосно исполнети се инфективните одделенија во Куманово и Штип а пациенти се праќаат во болниците во Скопје и Кочани.

Во Струмица ќе се обезбеди функционирањето на нов крак со централен довод за кислород каде ќе се сместуваат 100 пациени. Во Битола се обезбедува дополнителен капацитет на интерно одделение.

Во Гостивар одделението е полупразно, а во Тетово на рапсолагање има 100-тина кревети, во моментот се сместени 26 пациенти. За да се намали недостатокот со кадарот, се мобилизираат интернистите и од другите клиники а ќе се бара помош и од приватните интернисти, вели министерот за здравство.

2 до 4 проценти од заболените завршуваат со хоспитлаизација, останатите 80 проценти се асимптоматски или со многу благи симптоми, 12 до 14 проценти пак се со лесна клиничка слика и се лекуваат дома, објаснува епидемиологот Жарко Караџовски.

Министерот за здравство засега смета дека нема потреба од други построги мерки како полициски час, но  очекува пратенеиците да бидат свесни за состојбата и брзо да го донесат  донесат законот кој предвидува мерки  за спречување на ширење на болеста, а кои се применуваат и во други европски земји.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе