Македонија

Лажните вести за пандемијата дополнително ја влошуваат состојбата

Додека здравствените работници и научниците се борат со вирусот Ковид 19 кој го парализираше целиот свет, цела војска лажни информации и шпекулации на социјалните мрежи  дополнително ја влошуваат состојбата.

Бројките на заразени во земјава рапидно растат. Самите институции би требало да бидат поригорозни во спроведување на мерките кои ги предлагаат и луѓето треба да сфатат дека нивното своеволие го загрозува и индивидуалното и колективното здравје, смета социологот Ацевски.

Граѓаните треба со резерва да приоѓаат кон мноштвото информации на интернет, смета тој.

Некои ја немаат таа способност за рационална аналитичност и се убедуваат себе дека тоа што се случува на светско ниво е една обична завера и дека некој се крие позади тоа и дека нема никаква опасност за луѓето.  Има една поволна почва, тло кај обичниот човек дека тоа не е ништо страшно, а тоа како што гледаме сега има тешки последици на еден глобален план, вели социологот, Илија Ацевски.

Здравствените работници се веќе исцрпени, во континуитет даваат максимум  и капацитетот на медицински лица е ограничен. Граѓаните треба да бидат свесни за за штетата и влијанието на лажните вести, шпекулации кои дополнително ја прават ситуацијата алармантна, смета пулмологот и алерголог Дејан Докиќ .

Дури и интелектуалци можам да кажам и сум изненаден дека често не се во состојба да ги согледаат вистинските последици од ова. Тоа е едно, а второ и медиумите што им даваат простор на таквите луѓе да можат своите ставови да ги изјаснат јавно. Сите заедно треба да се обединиме кон сузбивање на оваа епидемија, а не кон дезинформации и создавање лажни илузии кај народот, оцени пулмологот и алерголог, д-р Дејан Докиќ.

За стручњаците најважно е навремено да се детектираат сите дезинформации и манипулации за Корона вирусот кои се шират со неверојатна брзина исто како и пандемијата.

Тие апелираат дека граѓаните треба да ги почитуваат мерките, кои не ја загрозуваат нивната слобода, туку се начин за да се заштити нивното здравје.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе