Македонија Топ вести

СДСМ ќе бира лидер со гласање на целото членство

На пролет, кога истекува мандатот на раководството на СДСМ, целото членство ќе може да предлага и да избира лидер со непосредно гласање.

Тоа го овозможуваат измените на партискиот Статут што беа усвоени на 25-от конгрес.

Со новите статутарни измени, бројот на потпретседатели ќе биде од двајца до четворица, на генералниот и на организацискиот секретар им е дозволено да бидат во извршната власт, во сите партиски органи ќе има еднаква родова застапеност, а партиската боја од сина ќе стане црвена.

Претседателот на СДСМ истакна дека како држава одиме напред кон ЕУ и дека европските социјалисти даваат поддршка до десетти ноември да биде завршена преговарачката рамка со Европската комисија, а до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција.

Заев објаснува дека нема потреба од нов договор со Бугарија, но постои подготвеност за усна или писмена декларација заради зацврстување на добрососедството и пријателството.

25-от конгрес на СДСМ за прв пат се одржа онлајн.

Претседателот Заев и целото партиско раководство дале отчет за сработеното и за предвремените избори и добиле стопроцентна доверба од 679 делегати.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР со над 40 милиони евра ќар од издавањето лични документи

meteo

Над 12.000 матуранти полагаат државна матура – испит по мајчин јазик

meteo

Агенцијата Рубикон во фокусот на доказите за Пулс – Нацев бил консултант или неформален сопственик?

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе