Македонија Топ вести

После Скопје со 172 новоинфицирани следуваат Тетово – 41, Струмица – 29, Прилеп – 25

14 починати во изминатото деноноќие од Ковид 19, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 897. Има 404 новодијагностицирани и 182 оздравени.

Сите четиринаесетмина, починале во болница, а се на возраст од 51 до 83 години.

Иако со помал број тестови – 1524, голем е процентот – 26, 5 отсто на позитивните случаи, односно 404.

Најмногу се од Скопје – 172, потоа Тетово – 41, Струмица – 29, Прилеп – 25,  Гостивар – 20, Кочани – 18, Куманово-15, Охрид-11.

Во останатите 16 градови бројот на новодијагностицирани е едноциферен: Гевгелија и Неготино – 9, Штип – 8, Велес и Берово – 6, Кавадарци – 5, Делчево, Дебар, Струга и Битола по 4, Пробиштип и Кичево по 3, Крива Паланка, Виница, Свети Николе и Ресен по двајца.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067, од нив 593 се хоспитализирани во Ковид центрите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе