Македонија Топ вести

Заев: ОН се симбол за глобалниот мир и безбедност, продолжуваме да соработуваме

Годинава, Организацијата на обединетите нации одбележува значаен јубилеј – 75 години од основањето. Формирана во 1945 година во свет на урнатини, ОН денес се симбол за глобалниот мир и безбедност, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил.

– И покрај множеството предизвици, ОН го наметнаа принципот на дијалог и почитување при превенирањето и решавањето на предизвиците и низ начелата на соработка и солидарност, покренуваат иницијативи за надминување на горливите светски проблеми, пишува Заев.

Додава дека денес, кога се соочуваме со пандемијата од КОВИД-19, најголемата закана по Втората светска војна, ОН преку Светската здравствена организација повторно има централна улога координирајќи ги меѓународните активности за заштита.

– Во насока на поддршка и поттикнување на универзалните човечки вредности, Владата на Република Северна Македонија ја реафирмираше својата посветеност кон реализација на Агендата 2030 на Организацијата на обединетите нации, која обезбедува универзална рамка за зајакнување на колективната акција кон заедничките цели и предизвици за заеднички просперитет. Продолжуваме заедно да ја обликуваме нашата иднина и да соработуваме со ОН на остварување на милениумските цели за одржлив развој, вели Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе