Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Јанева, Панчевски и Кочан барале помилување, Пендаровски ги одбил

Екс шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски и бизнисменот Сеад Кочан добиле негативен одговор од македонскиот претседател Стево Пендаровски за нивните барања за помилување, потврдуваат за Телма од Кабинетот на шефот на државата.

Телма дознава дека во контекст на одлуката на Пендаровски било и негативното мислење што го дала Комисијата за помилување, помошно работно тело во рамки на Кабинетот на претседателот.

Јанева доби казна затвор во траење од седум години во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување.

Панчевски, пак, беше осуден на две и пол годишна затворска казна за злоупотреба на службената положба. Обвинението се однесување на злоупотреби при распределба на предмети преку АКМИС системот.

Сеад Кочан, пак, првично беше осуден на шестгодишна затворска казна во случајот „Труст“ под обвинение за злоупотреба при постапка за јавни набавки. Одлуката ја обжали во Апелацискиот суд кој му ја намали казната на четири години и осум месеци.

КОД дознава: Судскиот совет архивирал претставка против негов член – како анонимна, не била од јавен интерес

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апелациониот суд Гостивар одлучи да ја укине Пресудата на тетовскиот суд за пожарот во модуларната болница во Тетово

Дејан Дејан

Земјоделците се оставени на милост и немилост на откупувачите

Дејан Дејан

Прскањето против ларви од комарци доцни веќе месец дена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе