Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски објави дека го напушта Собранието.
Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас, напиша Дурловски на својот фејсбук профил.
„Тоа е личен став на Игор Дурловски кој што ние го почитуваме. Како што и Дурловски сам кажува, тој останува верен на Македонија, но и на Коалицијата за Обнова на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ. Меѓудругото, Дурловски останува и стратешки соработник на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски„, реагираа од ВМРО ДПМНЕ.
Дурловски во Собранието влезе како носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во петата изборна единица на предвремените парламентарни избори.