Вести Ковид19 Македонија

Во Аеродром има активни случаи колку во Тетово и Куманово заедно-повторно 12 мртви и 640 заразени од корона

Без зголемување, е ако може да се каже добрата вест, но лошите бројки останаа и во денешниот билтен. 640 се новозаразени, а 12 луѓе ја изгубија битката со Ковид 19 во болнички кревет во ковид центрите низ државата.

Починатите се на возраст од 63 до 89 годишна возраст, а седум жртви се од Скопје. Најмногу новозаразени има повторно во Скопје, но по десетина дена процентот е под половина од новите регистрирани случаи. 272-ца се од Скопје, а големи бројки се регистрирани во Куманово каде има 43-ца нови пациенти, и во Кавадарци, Прилеп и Тетово каде има по 41 нов случај.

3174 активни случаи има во Скопје, а најмногу се во општина Аеродром каде во моментот има 631 заразени.

Во Аеродром всушност има повеќе активни отколку во Куманово (290)  и Тетово (345) заедно.

Процентот на заразени од тестирани денеска е висок 24,3 проценти се позитивни односно секој 4-ти кој се тестирал (вкупно 2634 тестирања) имал корона вирус. Зголемувањето се бележи и во државните институциии и на клиниките.

Бројка по градови на нови случаи: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.

Починати лица денеска:  Вкупно 12. Двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти во болнички услови.

Случаи по градови:

Скопје 10762, активни 3174

  • Куманово 2067, активни 290
  • Дебар 315, активни 53
  • Штип 1503, активни 181
  • Прилеп 1014, активни 278
  • Тетово 1827, активни 345
  • Струга 762, активни 77
  • Велес 469, активни 120
  • Битола 500, активни 159
  • Охрид 567, активни 137
  • Кавадарци 394, активни 141
  • Гостивар 1065, активни 118
  • Гевгелија 298, активни 159 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 44 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 654, активни 383
  • Крива Паланка 195, активни 69
  • Радовиш 193, активни 80
  • Крушево 21, активни 1
  • Кочани 603, активни 195
  • Пробиштип 146, активни 18
  • Демир Хисар 71, активни 10
  • Македонски Брод 98, активни 4
  • Пехчево 57, активни 11
  • Берово 177, активни 45
  • Валандово 89, активни 46
  • Виница 158, активни 55
  • Делчево 218, активни 121 (45 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 34, активни 8
  • Свети Николе 437, активни 64
  • Кичево 459, активни 112
  • Ресен 214, активни 50
  • Неготино 106, активни 48 (16 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Случаи по општини во Скопје:

  • Чаир – 151
  • Гази Баба – 379
  • Аеродром – 631
  • Карпош – 511
  • Центар – 484
  • Кисела Вода – 366
  • Ѓорче Петров – 255
  • Бутел – 127
  • Шуто Оризари – 19
  • Студеничани – 6
  • Сарај – 21
  • Арачиново – 10
  • Илинден – 51
  • Сопиште – 26
  • Чучер Сандево – 12
  • Петровец –20
  • Зелениково – 8
  • Странец – 16
  • Нераспределен- 81
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе