Македонија

Инспекторите заеднички на Град Скопје и општините – за граѓаните тие се корумпирани  

Инспектори заедно на терен против загадувачите, градежниците кои градат „на диво“ и сите уништувачи на јавните добра – не под називот „општински“ туку сега инспектори сите под ингеренција на Град Скопје. Ова е желба на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој кажа дека има поддршка и од колегите од општините. Десет општини има на територија на Скопје и чиишто градоначалници се подготвуваат да стават свој потпис на меѓуопштински договор, за преку него да се изврши централизирање на инспекцискиот надзор на територијата на главниот град.

Така инспекторите би имале повеќе моќ, смета Шилегов. На дебатата во салата на Советот на Град Скопје присуствуваа и некои инспектори од општините. Прашаа – што работиме ние, а што колегите од Државните инспекторати?! Преиспитан беше и квалитетот на постоечкиот Закон за градење и кажаа дека истиот остава простор за урбанистичко дивеење во многу од општините чиишто градоначалници, дел од нив, присуствуваа на дебатата.

Во меѓувреме, довербата којашто инспекторите ја имаат кај народот е на ниско ниво. Во истражување на невладините се посочува дека дел од граѓаните на Скопје сметаат дека општинските служби и инспекторите се корумпирани и зависат од волјата на различни моќници.

Од друга страна, резултатите на истражувањето покажале дека инспекторите се незадоволни со малите плати кои според нив не се еднакви на одговорноста и тежината на нивната професија, а се соочуваат и со напади додека си ја работат работата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе