Култура

Мишко Ралев е нов претседател на Асоцијацијата на архитекти

На изборно Собрание на Асоцијација на Архитекти на Македонија ,  избрано е ново раководство. За нов претседател на Управниот Одбор на ААМ, избран е проф. д-р Мишко Ралев, архитект и актуелен Декан на Факултетот за архитектура и дизајн, при Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

  • Асоцијацијата на архитекти е здружение кое има суштинско значење, во секоја смисла на зборот и во својот домен на работа е директно поврзано со архитектурата и делата на архитектите. Оттука, како што всушност архитектурата меѓу другото значи и поврзување,  релација со луѓето и општеството, ќе ни биде од суштинско значење во континуитетот со менаџирањето со ААМ. Или, отворени за јавноста за сè она што значи исполнување на простор во архитектонска смисла е премисата по која ќе одиме напред. Имаме старо нов Управен одбор, од кој очекувам да продолжи интензивно и посветено да работи на унапредување на контактите и врските со јавноста, со политичкиот естаблишмент, со локалната самоуправа и со надлежните Институции во правец на отвореност за дебата, конструктивност и критики кои се неопходни во донесувањето точни одлуки кои се однесуваат на исполнување на просторот.“, истакна новиот претседател на ААМ, Мишко Ралев.

За претседател на Собранието на ААМ, избрана е Искра Јанковска Михајловска, архитект од Скопје. А, за членови на Управниот Одбор на AAM се избрани архитектите: Александар Радевски, Иван Арсовски, Бесиан Мехмети, Јана Гугулоска-Ѓорѓевиќ, Марта Илиевска и Мартин Деловски.

Досегашниот претседател на У.О., архитект Мартин Пановски се заблагодари за довербата од членството и потенцираше дека со голема чест и задоволство ја предава функцијата на новиот претседател, со верба дека и натаму Асоцијацијата ќе биде двигател и промотор на архитектонските вредности во нашата држава.

Согласно мерките пропишани од надлежните институции и органи на Република Северна Македонија, за одржување на ваков тип настани во време на Ковид-19, Собранието се одржа на отворен простор- во дворот на Архитектонски факултет – Скопје.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе