Вести Македонија Топ вести

Предлогот на опозицијата оценет како опструкција

Мерките за носење маска на отворено, непримање повеќе од четворица гости во домашни услови и забраната за собирање по 22 часот се уште не се на дневен ред во Собранието. Иако се сметаат за итни, пратениците не можат да се договорат, а власта оваа недела нема кворум за самостојно одлучување.

ВМРО ДПМНЕ побара седница уште денеска, но предложените мерки ги смета за технички и несоодветни, бидејќи не содржат зајакнување на институциите што вршат тестирање за ковид, нема поевтини тестови за хронично болните и пензионерите, ниту пак поширок опфат во загрозените општини. Опозицијата сега предлага друг закон, со кој ќе се формира специјална Државна комисија за заштита и справување со пандемијата, што би била избрана во Собрание.

Министерот Венко Филипче уште на вчерашната средба им го одбил овој предлог како обид за блокада на предложениот закон и на новите анти-ковид мерки.

Уште една во низата постапки со кои ВМРО ДПМНЕ ја потврдува својата деструктивна политика и ја омаловажува експертизата на Комисијата за заразни  болести и нејзиниот труд во справувањето со кризата. Барањето нова комисија е само начин да се прикаже наводна конструктивност и грижа и е целосно неиздржано.

И владеачката СДСМ го оцени предлогот како деструкција и одолговлекување на мерките.

Наредната собраниска седница е закажана за 27-ми октомври. Законот за заштита од заразни болести треба да се додаде на дневниот ред, а мерките на Комисијата за заразни болести ќе бидат предложени од пратениците во вид на амандмани.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе