Вести Македонија Најважни

Во штипската Клиничка болница речиси половина од пациентите на кислородна поддршка

Во безоснаие, со последните сили се зема здив, немајќи доволно кислород во крв, органите ја запираат својата функција, исходот е смрт. Лекарите и медицинскиот персонал во штипското Инфективно одделение деновиве се соочуваат со вакви случаи, од причина што оние кои се позитивни по влошувањето на состојбата наввреме не лекарска помош, а имаат и  пациенти кои симптомите на коронавирусот ги споредуваат со настинка, па  се лекуваат со парацатемали и часеви. Последниот случај е вчера, со 80 годишна пациентка  од кочанско.

Во регионалниот ковид центар од 50 пациенти, речиси половината се на кислородна поддршка, а имаат и пациент на 25 години. Неколку дена поради исполнетиот капацитет, пациентите се препраќаат и во кочанската болница. Ѓеорѓијев вели дека деновиве се зголемува и метежот пред ковид амбулантата.

Штип и Свети Николе и понатаму се на врвот како општини со најголем број на регистрирани случаи ан 100.000 жители, стои во последната анализа на Институтот за јавно здравје. На оваа листа високо котираат и Кочани, Делчево и Берово од Брегалничкиот регион.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе