Спорт Фудбал

Ливерпул и Јунајтед организираат Европска премиер лига

Ливерпул и Манчестер Јунајтед покренаа иницијатива за формирање на Европска премиер лига која би била поддржана од ФИФА, која би можела целосно да ја смени европската клупска сцена.

Двата клуба најавуваат почеток на преговори со уште десетина клубови од Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија кои би биле основачи на новоформираното натпреварување кое би почнало да се одржува веќе од 2022 година.

Според планот во натпреварувањето би партиципирале најмалку 18 екипи, а мечевите би се играле во текот на националните фудбалски шампионати.

Екипите би биле поделени во неколку групи, а по завршувањето на оваа фаза најдобрите ќе продолжат со разигрувањето за титулата и за победникот е предвидена награда од стотина милиони долари.

Неофицијално за стартот на проектот се обезбедени шести милијарди долари од кои дел ќе им бидат поделени на учесниците во натпреварувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе