Судењата со поголем број на странки да се одржуваат во поголеми судници за да може да се држи дистанца од 2 метра мегу присутните. Задолжително да се проветруваат судниците за време или по завршувањето на секое судење и да се чистат и дезинфицираат сите работни површини во судницата. Ова се дел од мерките што треба да се почитуваат во судниците. Протоколот го изработило Здружението на судии во соработка со ОБСЕ, а го објави Кривичниот суд. Петте општи одредби се:
- Мерење телесна температура на влез во судот.
- Средства за дезинфекција на влезот во судската зграда и судниците.
- Правилно носење заштитна маска.
- Физичко растојание од 2 метра.
- Електронска комуникација со судот.
Во посебните одредби подетално се наведува како треба да се применуваат мерките од влезот во судот преку чекалницте ходниците лифтовите скалите шалтерите, канцелариите и судниците.
Ако доследно се применува овој протокол дел од судниците во Кривичниот суд не треба да се користат бидејќи немаат прозорци и не може да се проветруваат. Дополнително поголеми судници кои можат да примат повеќе странки со почитување на дистанца има само три. Но две од нив немаат прозорци. Во едната и до сега на рочиштата се отвораа вратите за да може воздухот колку толку да циркулира. Претседателите на судовите треба да ги прилагодат условите на протоколот но тој не е обврзувачки вели првиот човек на Здружението на судии.
За сега не се планира проколот да биде испратен во Комисијата за заразни болести. Од Адвокатската комора велат дека го поддржуваат ваквиот протокол.
Есенскиот корона бран почна да ги празни судниците. Странки заразени или во самоизолација проади контакт со позвитивиен на Ковид-19 ги одложија „Титаник“, „ТНТ“, „Таргет“, „организатори на 27-ми“, „Тортура“. Ова се дел од познатите предмети што паузираат по 2 недели најмалку. Но со оглед на тоа што ризичниот корона период е пред нас, не се исклучува овие застои во судењата да се повторуваат и по неколку пати.
Паралелно во дел од предметите се бркаат и рокови да не застарат некои од делата на обвинетите. Претседателот на Судскиот совет за Телма смета дека треба да се најде некое решение за време на ковид кризата но за сега нема конкретен предлог од кај нив. За он лајн судење нема правен основ, единствено може ако се согласат обвинетите, но Здравев вели Судскиот совет не може да предложи законски измени, тоа е во надлежност на Министерството за правда.
Елена Ивановска Мукоска