Македонија Топ вести

И Заев е за разрешување на Димова

Предлогот на вицепремиерот, Љупчо Николовски, Лидија Димова да биде разрешена од позицијата директор на Националната агенција за европски програми е прифатлив и за премиерот. Тој денеска изјави дека има доволно аргументи, таа да биде разрешена од етички причини, поради скандалот со злоупотреба на европските пари.

Исходот следи откако во јавноста се фрлија сомнежи за тоа како се делеле пари за образовни проекти преку агенцијата. Меѓу нив се и проектите  на над 270.000 евра на фризерница и 200 илјади евра за проект за обука на магариња и за сирење на братот на пратеник од СДСМ. Следеше и обвинување од благајничката дека се проневерени над 20.000 евра од благајната од Националната агенција. Димова негираше и најави тужби, но не и оставка.

Владата не може да ја разреши, само дава препорака до Управниот одбор во Агенцијата. Но, бидејќи претседател на Управниот одбор е Маринела Тушева, сопруга на министерот за правда, Бојан Маричиќ, од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека тоа воопшто ќе се случи. Тие денеска изразија сомнеж и за проект од 54 илјади евра, доделени од Агенцијата на училиштето „Коле Нехтенин „ од Штип за едукација за туризам на Кипар,во кој прашуваат дали е вмешана и Тушева?

По сомнежите, се огласија и од Брисел од каде најавија дека Европската комисија ќе ја проверува можната злоупотреба на европските фондови. И домашните органи, Финансиската полиција и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција посочија дека има предистражна постапка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе