Ракомет Спорт

Тулуз и Металург ќе играат во нов термин

Поради полицискиот час кој поради епидемијата со Ковид-19 е воведен во Тулуз, натпреварот од ракометната Лига Европа во кој домашниот тим ќе се соочи со Металург ќе се игра во нов термин и наместо од 20 часот и 45 минути мечот ќе почне два часа порано.

Металург денеска отпатува за Франција и во вечерните часови по долгиот пат ќе го одржи единствениот тренинг.

Според последната одлука натпреварот меѓу Тулуз и Металург кој е на програмата утре ќе почне од 18 часот и 45 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе