Вести Македонија Најважни

Приведен кумот на Груевски, осомничен за перење пари, се бара притвор

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.

Обвинителката Вилма Русковска денеска пред Основниот кривичен суд рече дека предистрагата за случајот во кој осомничен е Ристо Новачевски започнала во времето на СЈО, а потоа предметот го презело ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. За Новачевски, обвинителката Русковска побарала притвор и замрзнување на имотот.

Покрај Груевски и Новачевски, за истото дело Обвинителството ги сомничи и Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ. Тие не се приведени, бидејќи за нив веќе постојат мерки на претпазливост.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе