Останато Спорт

Македонија со тројца борачи го отвора ЕП во Загреб

Македонија на претстојното Европско првенство во борење слободен стил ќе ја претставуваат седум натпреварувачи, а на првиот ден од континенталниот шампионат ќе настапат тројца.

Во категоријата до 97 килограми еден од нашите адути за трофеј Магомедгаџи Нуров во осминафиналето ќе се соочи со Полјакот, Збигњев Барановски, Ахмад Магомедов во категоријата до 79 килограми исто така во осминафиналето ќе се сретне со Станислав Новак од Молдавија додека Фати Вејсели во категоријата до 70 килограми во квалификациите за противник го има Патрик Кшиштоф Оленчин од Полска.

И останатите репрезентативци ги добија противниците за првите дуели на првенството. Во категоријата до 60 килограми, Владимир Егоров во квалификациите ќе се бори против Французинот, Арман Елојан.

Раул Шапиев до 74 килограми за влез во четвртфиналето ќе се соочи со Словакот, Таимураз Салказанов, Дејан Митров во осминафиналето за противник го има Борис Макоев од Словачка, а Реџеп Хајдари во квалификациите ќе се сретне со Метју Филип Фајнсилвер од Израел.

Во женска конкуренција Македонија ќе ја претставуваат две натпреварувачки. Во категоријата до 50 килограми ќе настапи Вероника Рјабоволова, а во категоријата до 53 килограми ќе настапи Марија Спирковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФФМ не попушта пред Шкендија: Уцените нема да влијаат врз одлуките

Sportska Redakcija

Одбојкарите вечерва против Холандија ја почнуваат Европската лига

Sportska Redakcija

Славески со нова победа во БКФЦ: Македонецот повторно во игра за појасот (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе