Македонија Најважни

Заев го одби Мицкоски за лидерска средба за Бугарија

Нема лидерска средба за преговорите со Бугарија. Премиерот Заев не го прифати барањето на Мицкоски да седнат на заедничка маса и отворено да дискутираат за сите отворени прашања, вклучувајќи го и ризикот од можно вето. Мицкоски не сака договор, бара само начин како да и наштети на државата, вели Заев за Телма.

Не гледам потреба од лидерска средба,особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање.Мицкоски не е за договор на која било тема,тој бара начин како само да и наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ, одговори премиерот.

Според Заев македонскиот јазик, идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признати од целиот свет. Со Бугарија имаме Договор за соработка и добрососедство кој е потпишан и на Македонски јазик а за темите кои произлегуваат од него изразена е воља да се решаваат преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доколку на Заев му било важно Македонија да тргне напред, ќе прифател лидерска средба и ќе разговарал за сите отворени прашања.

Очекувано беше Зоран Заев да ја одбие иницијативата на Претседателот Мицкоски за лидерска средба каде што ќе се разговара за сите важни прашања во државата, бидејќи ќе мора да признае дека Владата и Заев се поразени на сите полиња, надворешен план, здравство, економија, образование, корупција и се останато, тврди најголемата опозициска партија.

По немањето договор на мешовитата комисија, во моментов се прават дипломатски напори за да се најде излез од ситуацијата. Се врши интензивна комуникација со членките на ЕУ каде се презентираат позициите на Македонија во однос на отворените прашања со Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев јасно ги соопшти црвените линии дека нема да прават компромис за јазикот, историјата и идентитетот. Вицепемиерот Никола Димитров пак порача дека никој не може да го оспори правото на самоопределување а доколку Софија остане на ставот дека јазикот е пречка, тогаш нема да може да се гради пријателство меѓу двете држави.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе