Ковид19 Македонија Најважни

Комисијата за заразни болести со нови рестрикции по порастот на бројот на новозаразени

Ден по досега рекордниот број на новозаразени со Ковид – Комисијата за заразни болести подготви нов пакет на рестриктивни мерки. На адреса на Владата ќе пристигнат во понеделник, ако викендов продолжи трендот на пораст на бројките. Ова е последна фаза на мерки за кои здравствените власти се надеваат дека ќе донесат резултат, за да нема повторно полициски час. Порастот на бројките на новозаразени се должи на непочитувањето на мерките – министерот Филипче и доктор Караџовски гласно го кажаа тоа што е генерален впечаток во јавноста.

Ако нема почитување на основните мерки за заштита од вирусот – „светото тројство“ маска, растојание и дезинфекција како што уште пред неколку месеци го именуваше министерот за здравство, бројката може да отиде и до илјада заразени на ден, а тоа е крах за здравствениот систем оценува претеседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски. Дополнителните рестриктивни мерки на Комисијата се креирани за да се спречи групирање на младите.

Ниту дваесет болници и петстотини доктори и сестри нема да не спасат од вирусот ако и понатаму не се почитуваат мерките во целост, заклучи доктор Караџовски на прес-конференцијата со министерот, по состанокот на Комисијата за заразни болести. Заштитните мерки против Корона не треба да бидат ригорозни, но мора да бидеме внимателни, пак, е ставот на премиерот Заев по ова прашање.  Дециден е против повторното враќање на полицискиот час како мерка.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе