Ковид19 Македонија

Ковид центарот во Битола речиси целосно исполнет со пациенти болни од Ковид-19

Регионалниот КОВИД центар во Битола интензивно се полни со  пациенти и има уште десетина  слободни места.  Во момeнтот хоспитализирани се 39 заболени  од Битола,  Кичево, Ресен и Демир Хисар. Поголемиот дел се во многу тешка сосотојба со постојана кислородна поддршка.

Кај здравствените работници  веќе се чувствува замор од битката со вирусот. На одделението досега биле хоспитализрани 370 позитивни пациенти на вирусот од целиот регион.

Но, велат подготвени се за овој есенски бран  со поддршка на другите колеги од болницата.

-Постои извесна доза на замор, тоа се постојани 24 часовни дежурства, а последните денови има наплив на пациенти од нашиот гради и од околните градови кои прпаќаат на овој регион. Имаме дневно примени по 6 до 7 пациенти, вели д-р Џулијана  Ристевска, инфектолог во Клиничка болница- Битола.

Покрај инфектолозите, во КОВИД Центарот во Битола, вклучени се лекари и сестри од другите одделенија.  Раководството веќе прави план за реорганизација и  зголемување на капацитетот.

-Имаме планови за понатаму, согласно бројките како ќе се одвиваат и колку ќе има потреба за хоспитализации. На Инфективното одделение вклучен е медицински персонал, медицински сестри и персонал ротираат од другите одделенија, бидејќи бројот на  персоналот со кој претходно располагавме беше мал, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница – Битола.

Од почетокот на пандемијата до денес вкупно биле хоспитализирани 370 пациенти од целиот Регион. Во Битола во моментот има  111 активни случаи со КОВИД-19, од нив 32 се на болничко лекување.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе