Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Дамјан Манчевски, најави денеска преку фејсбук дека се повлекува од политиката и ќе се посвети на својата професија.
Тој додава дека прифатил ангажман во приватниот сектор, кој е неспоив со каков било политички ангажман и затоа поднел оставка и од партиските функции, потпретседател и член на централниот одбор на СДСМ.
Манчевски пишува дека одлучил да ја напушти политика кога можеби најмалк се очекувало, после изборна победа и нов мандат. Тој објаснува дека одлуката е лично негова и ја донел иако имал извонредна понуда за следен политички ангажман.
Манчевски им се заблагодарува и на сите луѓе со кои соработувал во политиката, на претставниците на граѓанскиот сектор, медиумите , меѓународната заедница и стопанските комори, но особено ги издвојува премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.