Зоран Златковски е обучувач и наставник, а не фризер со фризерница во скопската населба Ново Лисиче иако ја отворил со истата фирма „В.Е.З Трејд“ со која инкасирал 270 илјади евра за 7 проекти во образованието преку националната агенција за европско образование „Еразмус +“. Тој е кристално чист тврди директорката на агенцијата Лидија Димова ,според проверката која таа ја направила на неговите проекти во агенцијата. Во своја одбрана, на прашањата на новинарите Златковки тврдеше дека не зел пари во готовина од обучувач, туку парите ги вратил назад во агенцијата.
По, тридневните реакции на јавноста откако медиумот а1 он објави дека лица инволвирни во проекти реагирале на злоупотреби и на начинот на рангирањето на проектите на Златковски, директорката Димова вели дека против агенцијата се води хајка, а европските пари не може да се злоупотребат. Сепак, европската комисија и сама ќе истражува не само за зошто се одобрени средства туку и како се трошеле средствата наменети за проекти во образованието.
„Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад. Доколку биде утврдена „само нерегуларност во трошењето, како на пример процедурална грешка“, тогаш државата мора да ги врати финансиите назад во ЕУ. “
Освен македонскиот проект за „тренирање хрватско магаре и липицанер“, „Еразмус +“ финанасирале уште 15 слични образовни проекти поврзани со магариња. Димова , негира пропсути во свеотот работање, а се сомнева дека од 2013-та, па до нејзиното именување се злоупотребени 2,2 милиони евра, за што обвинителството сеуште не отпочнало истрага.
Агнецијата не купила три возила туку ги изнајмила за тригодишен лизинг кој чини 90 илјади евра, објаснуваше Димова во маратоснката прес конфереција која следи по натписите на медиумот а1 он, и прозивката на премирот Зоран Заев да се даде одгвор како се одобрени и финансирани 1000 проекти во 2020-та година во секторот образование. Димова, остана без извинување за нападите кон новианрот Кристијан Ландов и одново ја нагласи поделбата на профеисонални и непрофесионални меидуми иако за нејзинитео ценки жестоко реагираа новинарските здруженија и синдиактот на новинари по квлаифиакциите на Димова на социјланите мрежи.
Павле Беловски