Македонија Топ вести

Прв позитивен случај на заразен вработен во Центарот за лица со посебни потреби

Коронавирусот влезе и во штипскиот Дневен центар за лица со интелектуална или физичка попреченост. Заразена е медицинската сестра, а во изолација веднаш се ставени седум корисници и четворица вработени.

Симптомите на  вработена се појавиле во четвртокот.Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова вели дека вработените постојано работеле  со визири, ракавици и маски, а поради блискиот контакт поради хигена или хранење на корисниците, висок е ризокот за пренесување на вирусот.

Инспекциската контрола на 6 октомври покажала  и дека работат согласно протоколите.

-Како институција ги имаме преземено сите протоколи, за прием и грижа на лицата во центарот. Во центарот имаме лица на различна возраст. Родителите ќе бидат информирани, како понатаму да постапуваат, инаку ќе бидат ослободени од работните обврски со цел да се грижат за своите деца, вели Иванова.

Центарот за лицата со интелектуална и физичка попреченост ќе биде затворен во наредните 14 дена и ќе се следи состојбата на децата и полнолетните лица со посебни потреби, бидејќи нивната здравствена состојба е сензитивна

Центрите за лица со интелектуална или физичка попреченост се отворени пред шест дена, ова е прв случај на појава на вирусот меѓу вработени во овие центри.

Во овој објект во штипската населба Ново Село, со посебен влез и излез беа сместени и  децата од градинката „Вера Циривири-Трена“, каде што пред неколку дена беше регистриран позитивен случај, кај вработена, по што во изолација заминаа нејзината колешка и вкупно 12 деца.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Муцунски во Софија: Проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа

meteo

(Видео ) Ги криел под седиште пурите вредни четири илјади евра, царина му ги заплени

Kristina Kuzmanovski

КОД: Цената на следењето и прислушувањето, вредноста на посебните истражни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе