Македонија Најважни

Забрана за семејни собири со повеќе од 4 гости и групирање на јавен простор по 22 часот

Рекорден нов број на заразени од корона вирус, 364 се регистрирани денеска. Комисијата за заразни болести за прв пат предлага мерки со кои се забранува групирање во домашни услови.

Со нив никој не би смеел дома да прими повеке од 4-ца гости, објави министерот Венко Филипче.

Објасни дека анализата покажала дека домашните собиранки го зголемиле бројот на заразени, а не смее да се дозволи од кафулињата и кафаните луѓето да се префрлат на семејни слави и прослави.

Се бара и забрана за групирање на јавен простор по 22 часот, а секој што ќе излезе надвор ќе треба задолжително да носи маска освен ако не спортува или ако не се вози во возило со семејството.

Само децата до 6 години не мора да носат маски на отворено. Останува носење на маски и во затворени простории и јавен превоз.

Ваквите мерки комисијата ќе ги достави до владата, а најголем предизвик ќе биде контролирањето на групирањето по дома.

Инаку според Филипче во моментов има најголем број на хоспитализирани после јулските бројки.

Дел од капацитетите во болниците низ градовите се пополнети па така од куманово болните се препракаат во скопје, а од битола во прилеп.

Во Струмица 46 се во болница и се спрема ново крило.

До сега во Кочани не се лекуваа болни а сега веќе се спремни 60 кревети.

Се подготвува болницата и во кавадарци и тетово.

Инаку Министерот вели дека за сега не се планира воведување на полициски час, но дека ако драстично се зголемуваат бројките постои можност за воведување на поригорозни мерки.

Не се исклучува можноста за да се ограничи движење на граѓаните или скратување и рестрикции во движењето, особено во некои региони или општини, доколку има голем број заболени.

Не е исклучена дури и целосна контрола на тој дел од државата но за сега не се предвидени такви мерки.

Министерот Филипче апелираше граѓаните и трговските објекти за време на викендот без ДДВ да се држат до протоколите затоа што според него така нема да има опасност од ширење на вирусот.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави: „Во понеделник ќе разговарам со Путин“

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе