Не можел да ги исклучува пријавните пратеници за збор затоа што немал таква техничка можност, а заради отсуства по смртта на брат му не бил запознаен дали триесетина пратеници поднеле барање конситутивната седница да продолжи и по рокот. Прашан од адвокатот на одбраната Еленко Миланов, сведокот Талат Џафери во Кривичниот суд даваше одговори дали претседавачот Вељаноски можел или не да ги спречи упадот и насилствата откако почнале да се пеат национални химни во собраниската сала.
Во тој момент на местото каде што седи претседателот на Собранието немаше такво копче и оти таква техничка можност е создадена потоа, откако јас побарав после сие случувања. Но, имало можност само, претседавачот да побара од режијата да го исклучат микрофонот, сведочеше џафери.
Џафери за сведок е повикан од ексспикерот Вељаноски. Неговите одговори биле во насока да се докаже на судот дека Вељаноски постапувал според деловникот во Собранието, иако сега е обвинет како дел од организаторите за насилствата.
Обвинетиот Никола Груевски е во бегство, а во судницата освен Вељаноски беа Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски. Рочиште беше прекинато бидејќи обвинетиот Миле Јанакиески мораше да продолжи на процесот против него за уривањето на „Космос“, па така повиканите сведоци Антоино Милошоски и Владимир Ѓорчев, Лиљана Затуровска и други поранашени пратеници ќе сведочат нараденото рочиште.
Павле Беловски