Две одделија од основното училиште Гоце Делчев во Центар се во изолација. Уште 22 деца позитивниот тест на нивните наставнички ги испрати дома. Вчера во ова училиште решение за изолација добија 17 првачиња , па така денеска вкупниот број се искачи на 39. Родителите кои ги затекнавме во школскиот двор не сакаа да коментираат пред нашаата камера, велат исплашени што кроона вирусот влезе во училиштето во кое учат нивните деца. Од утрово пак општина Центар и директорката на Гоце Делчев, Молеровиќ со различен став. Градоналникот Саша Богдановиќ, вели дека наставничката која е позитивна на Ковид-19 и покрај тоа што имала симптоми го носела своето дете на училиште, тој разговарал со директорката и вели дека се испитува случајот.
Директорка на Гоце Делчев, Молеровиќ пак воп телефонски разговор за Телма вели дека наставничка на работа не оди од минатиот петок , а веднаш штом добила симптомви престанала да иде на работа и да го пушта своето дете на настава , затоа што имале позитивен на корона во семеjството, вели Богдановиќ.
А инаку како што соопшти МОН, од стартот на учебната година до сега во изолација се вкупно, 6 од наставниците не биле во директен контакт со децата, бидејќи предавањата ги држат онлајн. Од вчера вечерта во изолација се 10 ученици од Радовиш, откако нивен соученик е позитивен на Ковид-19. Засега во ова училиште нема наставници кои се заболени или во изолација. А, позитивни на корона се и три основци, од Штип, Кочани и Тетово.
Теодора Цветковска