Македонија

Талат Џафери ќе сведочи за „27 април”

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска дојде во Кривичниот суд за да сведочи на рочиштето за „Организаторите на 27 април”.

Сведочењето на Џафери првично беше предвидено за 18 септември, но поради негови работни обврски беше одложено за денеска.

Претседателот на судечкиот совет, судијата Илија Трпков најави дека денеска ќе биде сослушан само Џафери заради обврски на обвинетиот Миле Јанакиески кој треба да присуствува и на други судења. Преостанатите сведоци ќе бидат сослушани на следното рочиште што го зкажа за 16 октомври во 10.30 часот

На претходно рочиште сведочеа неколку актуелни и поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Како сведо е повикан и поранешниот пратеник на Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими, кој на 27 април 2017 години од говорницата на Собранието ја интонираше албанската химна.

Случајот за „Организаторите на 27 април” се наоѓа во доказна постапка. Овој предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе