Уставниот суд на денешната седница не донел одлука по иницијативата за оценување на законот за помилување од 2016 врз основа на кој поранешниот претседател Иванов ги поништи одлуките за аболиција на над 50 поранешни функционери. Овој предмет беше ставен на дневниот ред меѓу предлозите за одлучување на денешната седницата, но точката била одложена на барање на дел од судиите, потврди за Телма преседателот на судот Сали Мурати
-Се одложи на барање на дел од судиите. Новиот судија известител во предметот кој влезе на местото на судијата чиј мандат му истече, предложи запирање на постапката поради што дел од судиите побараа дополнитлено време за анализа. На некоја од наредните седници овој предмет ќе биде ставен за дискусија и одлучување, ни изјави Мурати. Според него коинциденција е тоа што оваа точка по подолго врме е ставена на дневен ред токму во период кога помилувањата на Иванов се вратија во фокусот на јавноста поради постпаките на 10 мината поранешни функционери кои ја тужат државата во Стразбур.
Во ноември минатата година Уставен суд со мнозинство поведе постапка по иницијативата за укинување на овој закон што во јавноста беше протолкувано дека судот сака да го укине и да ги спаси обвнетите во предметите на СЈО.
По отворање на постапка, судот може да го поништи закаонот, да се укине или да ја запре постапката. Судијата известител предложил запирање на постапката и сега зависи од ставовите на остантите судии како ќе гласаат.