Останато Спорт

Продолжува доминацијата на Ингебритсен во Европа

На првиот ден од Европското првенство во сала што се одржува во Истанбул поделени се седум комплети на медали.

Норвежанецот Јакоб Ингебритсен ја продолжи доминацијата на континенталните шампионати во сала. Тој триумфираше во трката на 1500 метри и за него ова е четврто последователно злато, а вкупно 10-ти медал на големите натпреварувања. Второто место му припадна на Нил Гурли од Велика Британија додека со бронзениот трофеј се закити Французинот, Азедин Хабз.

Во трискок убедливо прв е Педро Пичардо од Португалија, кој успеа да го одбрани првото место од пред две години во Торино. Втор е Гркот, Николаос Андрикопулос, а третото место му припадна на Макс Хеб од Германија.

Во фрлање ѓуле јај дамите славеше Ориол Донгмо од Португалија пред Сара Гамбета од Германија и Швеѓанката, Фани Рос.

На 3000 метри најбрза беше Хана Клајн од Германија, втора е нејзината сонародничка Констанц Клостерхален, а трета е Лелис Кортни Брајант од Велика Британија.

Во машка конкуренција во фрлање ѓуле триумф над Зејн Вир од Италија. Чехот, Томаш Станек се закити со среброто, а бронзата му припадна на Украинецот, Роман Кокошко.

Во трката на 60 метри најбрза беше Муџинга Камбуџи од Швајцарија која по светското злато во Белград минатата година сега стигна и до европската титула. Второто место го освои Ева Свобода од Полска, а трета е Дарил Неита од Велика Британија.

И во петобој победа на Нафисату Тиам од Белгија која го собори и 11 години стариот светски рекорд. Со среброто се закити Адријана Сулек, а трета е Нор Видс.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија на 69.место на ФИФА ранг-листата

Sportska Redakcija

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе