Македонија

Вархеи им порача на пратениците да не ја злоупотребуваат скратената постапка 

Спроведете ги реформите, овде и сега и не го злоупотребувајте институтот скратена постапка.

Со овие зборови Еврокомесарот за соседна политика и преговори за проширување на ЕУ Оливер Вархеји им се обрати на пратениците во законодавниот дом.

Од нив побара да бидат независни во одлучувањето и да не потпаѓаат под влијание на извршната власт. Пораките се јасни, реагира опозоцијата.

СДСМ е задоволен од Извештајот во делот на Собранието.

Признаваат дека во иднина треба да се направи поголема селекција на законите кои ќе треба да се донесат по скратена постапка.

Вархеји  оствари средба и со собранискиот спикер талат Џафери од кој било побарана попродуктивна работа на Собранието и носење на закони кои се клучни за реформите.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе