Останато Спорт

Италијанска доминација на спустот во Кран Монтана

Софија Гоџа е победничка на спустот во женска конкуренција што се возеше на патеката во Кран Монтана, а се бодува за Светскиот куп во алпско скијање.

Италијанката на целта пристигна со време од 1 минута 26 секунди и 81 стотинка и за 15 стоти дела беше побрза од сонародничката Федерика Брињоне додека третото место и припадна на Лора Гош од Франција која зад победничката заостана 41 стотинка.

Со овој триумф Гоџа се зацврсти на лидерската позиција во редоследот за спуст со 580 бода, 179 повеќе од Словенката, Илка Штухец, а трета е Елена Куртони со 290.

Во генералниот пласман за Светскиот куп убедливо на чело е Микаела Шифрин со 1697 бода пред Петра Влхова со 977, а на третата позиција се наоѓа Лара Гут Бехрами со 928.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе