Останато Спорт

Украина го бојкотира СП во бокс

Боксерскиот сојуз на Украина (ФБУ) потврди дека ќе го бојкотира претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Њу Делхи.

Украинците им се приклучија на деветте национални асоцијации меѓу кои се САД, Република Ирска и Велика Британија кои нема да испраќаат свои натпреварувачи бидејќи Меѓународната боксерска унија дозволи на шампионатот да партиципираат Русија и Белорусија кои ќе можат да настапат под државното знаме и доколку се освои медал да се интонира химната што е во спротивност со одлуката на Интернационалниот олимписки комитет.

Потпретседателот на ФБУ, Олег Иљченко потврди и дека Украина нема да испрати боксерки на Светскиот шампионат во женска конкуренција што ќе се одржи во Ташкент.

Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ја води Русинот, Умар Кремљев и се смета дека тој извршил притисок кон крајот на минатата година да се укине забраната за настапи на боксерите од неговата земја и Белорусија.

ИБА најави дека двете првенства ќе бидат главни квалификациски турнири за настап на Олимписките игри во Париз и најави дека боксерите од земјите кои решија да бојкотираат, а сакаат да се натпреваруваат може да побараат финансиска помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе