Останато Спорт

Ивановски и Ислами ќе настапат на ЕП во сала

Европската атлетска федерација денеска ја објави конечната листа на учесници на претстојниот континентален шампионат во сала што ќе се одржи во Истанбул во периодот од втори до петти март.

На првенството Македонија ќе ја претставуваат двајца натпреварувачи.

Во квалификациите на 400 метри во женска конкуренција ќе настапи Дрита Ислами која во Турција патува со најдобриот резултат поставен сезонава од 55 секунди и 84 стотинки.

Во оваа дисциплина ќе настапи и Фемке Бол од Холандија која пред една недела постави нов светски рекорд и го надмина постигнувањето на легендарната Јармила Кратохвилова.

Во пресрет на шампионатот на 400 метри пријавени се 27 атлетичарки.

Кај мажите на патеката ќе се појави Дарио Ивановски кој ќе биде дел од квалификациите на 3000 метри, а за место во финалето ќе се натпреваруваат 23 атлетичари.

Квалификациите на 400 метри на програмата се в петок на 1 март и почнуваат во 10 часот и 40 минути додека Ивановски својот настап ќе го има на втори следниот месец, а првата трка е закажана за 10 часот.

На Европското првенство во сала ќе партиципираат преку 600 натпреварувачи од 51 земја.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе