Култура Македонија

Отворено детскo паркче што ја промовира книгата и описменувањето

Паркче- инсталација, што го промовира описменувањето и читањето книги кај децата , за прв е отворенo во Скопје, во населбата Аеродром. Се работи за двојазична инсталација на македонски и англиски јазик, со цел повисока едукација на децата, со оглед на времето во кое живееме, рече градоначалникот Петре Шилегов.

  • Идејата е со оваа детска инсталација -игралиште, дечињата да се испровоцираат од најмали нозе да се запознаат со книгата, со нејзиниот изглед. Тука се, кириличните букви, со цел на најмладите генерации да им постанат визуелно познати буквите и да можат, што побргу да влезат во сопственото описменување. Меѓутоа, ова е и инсталација на англиски јазик, бидејќи јас сепак промовирам и мислам дека има потреба, децата да се едуцираат на што е можно повисоко ниво , имајќи предвид во какво време живееме, рече Шилегов.

Тој најави дека вакви инсталации ќе бидат поставени и во други населби низ Скопје, а следната ќе биде во Драчево. На, свеченото отворање на паркчето, со свои творби настапија ученици од ОУ „ Љубен Лапе“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбраната на Богоев поднесе жалба – притворот е непотребен велат кривичарите

Дејан Дејан

Започнува подготовката на Стратегија за развој на туризмот 2027-2032

Дејан Дејан

МВР една и пол година ги истражува злоупотребите во Институт за јавно здравје во времето на Шабан Мехмеди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе