Македонија Најважни

(видео)Инспектори и полиција во „Интермецо“ пред почетокот на концертот на Тони Цетински

Полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат пристигнаа во кафе барот „Интермецо“ во Скопје каде за вечерва е закажан концертот на хрватската поп ѕвезда Тони Цетински, дознава Телма.

-Не можам да гарантирам за здравјето на гостите, но граантирам дека здравствените протоколи се почитуваат, вели менаџерот на „Интермецо“ Константин Влахо.

Еве дел од вечерашната атмосфера пред кафе барот „Интермецо“ во скопската населба Капиштец.

Владата на вечерашната седница ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Мерките стапуваат во сила по објавување во Службен весник.

За одржани 4 свадби во Скопје, 2 во Тетово и една во Струга и за уште 9 локали кои ги нарушиле здравствените протоколи ќе следуваат 16 кривични и 3 прекршочни пријави во паричен износ, највија од Државниот просветен инспекторат.

Една од кривичните е за ланч барот „Мош“ каде гостуваше Владо Георгиев.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Еден леб го фактурирале по 136 денари на студентски домови – Ацевски откри дел од извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе