Јапонскиот стилист Кензо Такада почина во Нојли-сур-Сен на 81-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Париз.
Според портпаролот на брендот за облека и парфеми создаден во 1970 година, неговиот креатор, јапонскиот стилист Кензо Такада почина во Американската болница во Нојли-сур-Сена од Ковид-19.
Тој е првиот јапонски стилист што успеа да се наметне во Париз, каде ја имаше целата своја кариера и го прослави своето прво име.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.