Македонија Најважни

Филипче за Телма: Новите рестриктивни мерки за кафеаните вечерва на владина седница

„Имавме консултации и денеска со Комисијата за заразни болести и сакаме да ја искористиме оваа седница за пред влаата да ги предложиме новите мерки“, информираше во вестите на Телма, министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека станува збор пред се за забрана за гостување на пејачи во угостителските објекти, како и ограничување на висината на децибелите, потоа гостите да седат на поголема дистанца и бројот на луѓе кои можат да седат на една маса да се намали од 12 на четири луѓе.

Филипче рече дека освен скратување на времето на работа, се разгледувале и рестриктивни мерки за целосна забрана на јавни собири, како и носење на маски на отворено.

Тој истакна дека е во секојдневна комуникација се со членовите на комисијата за разни болести и тврди дека бројот на слободни мести во болниците е сосема доволен за новозаболените пациенти.

Според последните здравствени извештаи најголем процент на заболени се на возраст меѓу 20 и 40 години.

Министерот Филипче потврди дека и целосна забрана на јавни собири е мерка која се разгледувала.

Со министерот за здравство разговараше Тамара Грнчароска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски без конкретни очекувања од средбата Давкова – Јотова

Tea Dimkovska

Пушачите наскоро ќе добијат построги ограничувања – Законот против пушење ставен на дневен ред на следната собраниска седница

Tea Dimkovska

Загрижувачки податоци: влажното огревно дрво го зголемува загадувањето во Битола, екологистите бараат законски измени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе