Останато Спорт

Басино светска шампионка во супервелеслалом

Италијанката Марта Басино го освои златниот медал во супервелеслалом на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Куршевел.

Дваесет и шест годишната Басино не се вбројуваше меѓу фаворитките за највисок пласман, но на крајот триумфираше со 11 стотинки предност во однос на Михаела Шифрин.

Бронзениот трофеј го поделија Корнелија Хетер од Австрија и Норвежанката, Кајса Викоф Лие кои зад шампионката заостанаа 33 стоти дела од секундата.

Бранителката на златото од пред две години Лара Гут Бехрами денешниот настап го заврши на шестото место додека фаворитките за највисок пласман Федерика Брињоне и Софија Гоџа на крајот ја освоија осмата и 11-тата позиција.

Светскиот шампионат продолжува утре со супервелеслаломот во машка конкуренција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе