Македонија Топ вести

Затворен скопски локал поради непочитување на здравствените протоколи

Додека се подготвуваат новите мерки, дел од скопските угостители на големо ги кршат Ковид-протоколите. Од една страна се подготвува забрана за концерти, од друга, скопските локали не се откажуваат од ноќните журки со настапи во живо.

Затворање поради пречекорување на работното време заработи скопски локал каде вчера била организирана забава со настап на српкиот пеач Владо Георгиев. Истиот локал минатиот викенд добил и кривична пријава за непочитување на протоколите. Ова е само еден од угостителските објекти кои минатиот и овој викенд добија кривични пријави или се затворени од страна на

Државниот пазарен инспекторат, информира за Телма, првиот човек на оваа институција, Стојко Пауновски наведува дека викендов инспекторите прават и засилени контроли по рестораните за организирање свадби, откако од Комората на угостители денеска добиле дојава дека некои ресторани ги прекршуваат пропишаните мерки.

Пауновски за Телма информира дека на терен излегле 24 инспектори и до 16 часот веќе биле издадени кривични пријави за два ресторани каде инспекторите затекнале свадбени веселби. Контролите, вели Пауновски ќе продолжат и утре. Според него, од голема помош би било доколку на лице место можат да се казнуваат и  затекнатите гости, за што се чека Собранието да донесе законска измена.

Сепак, генерално, вели Пауновски, угостителите ги почитуваат мерките. Мал е бројот на оние кои ги прекршуваат протоколите, но поради нив штета трпат сите. Пауновски апелира и до самите угостители, но и до граѓаните да пријавуваат непочитување на протоколите, бидејќи угостителите можат да бидат казнети само доколку се фатени на лице место, но не и врз основ на снимки и фотографии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе