Ваква е сликата на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, каде поради немањето паркинг место, покрај возилата на зонско поркирање се создава и втор ред, кој го кочи сообраќајот. И по коловозите редици автомобили. Овој проблем е забележителен особено во централното подрачје и кај зелениот пазар. Граѓаните во анкета велат дека во градот владее сообраќаен хаос.
Сообраќајната полиција на терен се обидува да воведе ред, преку постојани редовни и акциски контроли, но и со казни. Овој регион предничи во бројот на прекршоци кои ги прават возачите. Освен сообраќајната недисциплина, во тоа удел има и лошата инфраструктура, вели командирот Зоранчо Талев.
Општинските власти велат дека проблемот ќе се ублажи со изградба на катни гаражи и воведување јавен превоз, на што се чека неколку години. Од Канцеларијата за односи со јавност велат дека документацијата за изработка на катна гаража е во подготовка. Во меѓувреме е објавен и тендерот за фирмите да дадат запечатени понуди за “Набавка на автобуси за јавен превоз“. Граѓаните во исчекување дали конечно ќе бидат реализирани ветените проекти.