Ковид19 Македонија

Почна есенскиот бран – нови 225 заразени и 6 починати од корона за едно деноноќие

225 новозаразени од корона , и шест починати во последното деноноќие.  Во последните 24 часа направени се 1694 тестови што е високи 13 проценти на заразени од вкупно напревени тестирања. Гласвниот град прв на листата по новодијагностицирани – 96. 17 нови случаи на кови 19 во Кочани, а 11 во Струмица, 10 Берово . Во другите градови во Македонија бројката на заболени е едноцифрена.

По зголемениот број на на ковид случаи Филипче на состанок со Kомисијата за заразни болести, се разгледуваат податоците на заразени по општини, на средба повторно ќе седнат и во понеделник. За сега нема препораки за повторни рестриктивни мерки, кога и дали ќе бидат донесени ќе се знае откако здравствените власти ќе завршат со анализите.

Ова е третпат во Македонија да има повеќе од 200 заразени со корона  за еден ден. На 17 јули имаше најмногу заразени 240, а црн рекорд имаше на  2 јули кога починаа 15 луѓе.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе