Во пресрет на почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство од Јужно-американската зона, ФИФА објави посебни правила за фудбалерите кои доаѓаат од Европа.
Бидејќи голем дел од членовите на националните тимови настапуваат во европските клубови, решено е за нив да се укине неопходниот карантин од пет или повеќе дена и тие веднаш може да им се приклучат на подготовките за претстојните натпревари.
ФИФА на клубовите за кои настапуваат овие фудбалери им препорача дека доколку земјите не го прифатат ова правило тие имаат право да не му дозволат да настапува за националниот тим.
Во ФИФА потенцираат дека следен предизвик за нив е битката со европските земји бидејќи се уште нема решение за играчите кои по настапот во репрезентацијата ќе се вратат во својот клуб.
Квалификациите на јужно-американската зона за пласман Мундијалот во Катар започнуваат на 13 овој месес.