Ферплеј

Ферплеј со Јана – С02ЕП20 со Лејла Рамковска

За бенефитите кон нашето здравје и  балансот на телото и духот кои ги овозможува практикувањето на јога, во новото издание на „Ферплеј со Јана“ дознаваме преку личните искуства на Лејла Рамковска.
Дали сите животни предизвици со кои се соочи нејзиното семејство и тоа под лупата на јавноста, беа причина за нејзин влез во светот на јогата?
Кои сопствени недостатоци успеала да ги корегира практикувајќи ја оваа вештина?
Како се станува јога инструктор?
Дали навистина постојат категории на луѓе за кои јогата не е соодветна дисциплина, или таквите мислења се погрешни?
Дали е доцна на триесет години човек да почне да се занимава со било каков спорт, како во нејзиниот случај?
Добивме искрени одговори кои вие ќе можете да ги погледнете и слушнете  оваа недела, во 16:15 на Телевизија Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С04ЕП8 – Шахот во Македонија, учители, јуниори и сениори

Дејан Дејан

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С04ЕП7 – со Давид Бабунски и Јани Атанасов

Дејан Дејан

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С04ЕП6 – со Масимо Тасевски – картинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе