Култура

Европските денови на културно наследство продолжуваат во октомври

Манифестацијата „ Европски денови на културно наследство“, која музеите во земјава ја започнаа од септември со он лајн содржини, продолжува со богата програма во октомври. Денеска во  музејот во Демир Капија се одржа креативна работилница „Традиција, сегашност, иднина“, со ученици од локалното основно училиште. Утре (02.октомври), на пладне во Музеј и галерија- Кавадарци ќе биде отворена изложбата „Културното наследство на Кавадаречко“. На 3 Октомври во најмалиот етнолошки музеј во светот, во село Џепчиште, Тетовo , ќе се отвори изложбата „Верски реликвии и стари дипломи на заборавени занаети“, а ќе се одржи и дебата за издавањето на книгата „Македонски етнолошки буквар“.

На 6 октомври во12.00 часот, во Музеј на град Неготино ќе биде отворена меѓународната изложба „Уметноста како катализатор за социјални промени“, Изложбата е со ликовни дела на Александра Кокотовиќ од Сараево, Босна и Херцеговина, поставена во Лапидариумот пред музејот. Истиот ден во 13.00 часот, во Музеј на македонската борба за самостојност ќе се одржи промоција на илустрираната публикација за деца „Музејска сликовница“. На 7 октомври,  Музејот на Република Северна Македонија ќе ги збогати кривопаланечките училишни библиотеки со примероци од долгогодишната издавачка дејност на музејот. Во духот на темата на годинашните Европски денови на културното наследство -„ Културното наследство и училиштата“, претставници од Музејот на РСМ,  истиот ден ќе делат публикации низ училиштата во Крива Паланка, а наскоро ќе започне и проектот „ Триесет и една буква за триесет и еден предмет од минатото“.

Од 5 до 7 октомври, Завод и музеј од Струмица, ќе работи со слободен влез за посетителите. А првата седмица од октомври , Конзерваторски центар- Скопје, ќе го прикаже културното добро од црквата Свети Спас и поставката за Гоце Делчев, исто така со слободен влез за посетителите. Во Центар за креативни индустрии – НЕБО, од село Суводол- Демир Хисар, ќе може да се посети изложбата на фотографии „Внатрешни градини“, од авторот Стефан Шашков, поставена во Домот на културата „Илинден“.

Продолжуваат и он лајн содржините. Музејот во Демир Капија го постави документарниот филм за традиционалното славење на грозјето и виното, насловен „Откинување на зрел грозд“, на Фејсбук страната на Домот на културата „Мирка Гинова“. Филмот претставува визуелно сведоштво за дел од нашето нематеријално наследство, поврзано со одгледување на грозје и производство на вино.

Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија ја збогатува програмата со уште една документарна сторија. Пошироката јавност ќе може да го погледне филмот „ Македонска хроника: Приказната за сефардските Евреи на Балканот “, во траење од 10 минути. Поставен е на линкот : https://youtu.be/hi1wgCzDa9w

Завод и музеј- Струмица зема учество на Европските денови на културното наследство со „Виртуелна прошетка низ постојаната музејска поставка“, којашто е прилагодена и достапна за користење од страна на основните и средните училишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе