Македонија Топ тема

Поради отсуство на судијката Александра Ристеска се одложи „Тортура”

Рочиштето за случајот „Тортура” каде првообвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, се одложи поради отсуство на судијката Александра Ристеска.

На денешното рочиште требаше да сведочат петмина сведоци меѓу кои и Орце Камчев и Оливера Трајковска.

Следното рочиште е закажано за 19 октомври. Сличајот „Тортура” е за нечовечко и понижувачко апсење на Љубе Бошкоски по наредба на Сашо Мијалков пред осум години во случајот „Кампања“.

Покрај Мијалков, на обвинителната клупа е и екс командантот на единицата „Алфа” Ивица Анчевски – Пуки и уште четворица полицајци кои учествуваа во апсењето на Бошкоски во ресторанот „Воденица”.

Огне Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Една деценија од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе