Македонија Топ вести

Коневски: Мицкоски е единствениот виновник за поразите на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски е единствениот носител на одговорноста за поразите на ВМРО-ДПМНЕ, тврди Ивица Коневски во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма. Прашањето веќе е или тој или партијата, дециден е Коневски.

Знае дека ја има изгубено довербата кај делегатите што го гласаа, знае дека треба да излезе пред нив и да им се заблагодари за подршката и да ги презентира сите аргументи кои доведоа до пораз на локалните избори, вели Коневски.

Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ добива се поголема подршка, вели тој и додава дека е оптимист за неговото одржување.

Коневски негира дека причината зошто не го свикале вонредниот конгрес не е недоволната подршка туку желбата на него да присуствуваат сите делегати што го гласаа Мицкоски во Валандово во 2017. Дополнително, сакаат да го почекаат завршувањето на локалните избори во Штип и Пласница за да не му понудат уште едно алиби за евентуалнен неуспех на Мицкоски и по нивното завршување

Ние имаме можност да го свикаме но целта ни е да ги обединиме сите иако со две третини од делегатите можеме да организираме конгрес, но целта ни е да ги собереме сите и тоа да биде свечен чин, вели Коневски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе